Камару Усман е подготвен да се бори со Канело Алварез

Актуелниот шампион во УФЦ во средна категорија, Камару Усман е толку сигурен во своите боксерски способности што е подготвен да се соочи во рингот со еден од најголемите боксери на нашето време – Канело Алварез.

„Мислам дека можам да правам што сакам. Не го игнорирам Канело. Мислам дека тој е еден од најдобрите, еден од најголемите боксери во својата генерација. Ги почитувам неговите вештини и го сметам за феноменален шампион. Но, исто така знам дека добивам се што сакам. Значи, ако има таква опција во иднина, можеби ќе потанцуваме. Ќе видиме“, рече Усман како одговор на прашањето на еден приврзаник.

Сол Алварез-Канело има еден пораз во 59 професионални битки – од Флојд Мејведер во 2013 година. Тој е светски шампион во четири тежински категории.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО