Георгиевски на прием кај премиерот, награда за среброто зголемена за уште 800.000 денари!

Македонски херој Дејан Георгиевски кој освои сребро од Летните Олимписки Игри во Токио, доби уште 800.000 денари награда за големиот успех, по денешниот прием во Владата на Македонија од премиерот Зоран Заев.

Георгиевски освои сребро во таеквондо на ЛОИ во Токио, па ја турна Макеоднија во екстаза зашто после две децении нашата земја успева да освои медал од најголемиот спортски настан и првично Владата одобри 1,8 милиони денари парична награда за „среброто“, но сега за уште нови 800.000 денари е дополнета истата и сега изнесува 2,6 милиони денари (над 40.000 евра).

Македонскиот таеквондист доби 10.000 евра награда и олимписка стипендија од МОК по 1.000 долари месечно, а од град Скопје уште 5.000 евра награда за големиот успех што го постигна во Токио.

„Дејан стана пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. Следејќи го огромниот и историски олимписки успех, Владата на синоќешната седница ја дополни одлуката за паричната награда за Дејан за дополнителни 800.000 денари и таа сега изнесува 2,6 милиони денари“, истакна премиерот Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО