Каков меч! Кејти Тејлор ја победи Шантел Камерон, и се одмазди за единствениот пораз и стана апсолутна шампионка!

Честитки на Кејти за победата, но честитки и за двете за лавовската борба во 10 рунди.

Ирската боксерска ѕвезда Кејти Тејлор го доживеа првиот професионален пораз на почетокот на оваа година на 37-годишна возраст. Кејти го градеше своето наследство и добиваше победи, а потоа дојде Шантел Камерон и и ги одзеде титулите во суперлесна категорија во мај.

Талентираната Британка победи во првиот меѓусебен меч и го одбрани статусот апсолутен светски шампион во суперлесна категорија, а Кејти синоќа имаше можност да и се реваншира, но и самата да стане апсолутна шампионка. Тејлор во овој меч влезе како аутсајдер, а во продолжение прочитајте како помина оваа борба за титулата во суперлесна категорија.

Камерон го зазеде центарот на рингот веднаш на почетокот на мечот и ја принуди Кејти да се бори од задната нога, но и Кејти врати со одлични комбинации и моќни удари. Задната десна од Камерон си ја наоѓаше целта и веќе во првата рунда Тејлор заврши на подот. Подоцна потврдија дека не се работи за нокдаун, туку дека Тејлор се лизнала.

Шантел продолжи да биде агресивна во следните рунди, а Тејлор погоди доста солидни удари од клинч. Сепак, Камерон делуваше поконкретно и поагресивно, а првиот дел од мечот остави впечаток дека борбата нема да оди во сите 10 рунди. Со секој удар на Кејти арената дивееше, но тоа не и пречеше на концентрираната Камерон.

Камерон доби голема расекотина, но докторот оцени дека може без проблеми да го продолжи натпреварот. Британската боксерка направи притисок врз Тејлор, но Кејти успеа да извлекува удари и од задна нога, кои Камерон навистина ги почувствува.

Кејти почна да се буди во средината на мечот, почна да удира почесто и попрецизно. Впечаток е дека Камерон претрпе повеќе оштетувања на лицето и покрај нејзината агресивност, која полека слабееше како што напредуваше борбата. Камерон отдеше напред, но Тејлор беше таа која погаѓаше подобро.

На самиот крај од борбата гледавме многу атрактивен меч. Боксерките бескомпромисно си разменуваа удари обидувајќи се со секој удар да ја нокаутираат противничката. Секој од нив прими и погоди многу удари, а целата арена беше на нозе, што не е чудно со оглед на тоа колку навистина беше возбудлив мечот. Кејти уште еднаш ја покажа својата големина, но едно е јасно – и двете боксерки дадоа апсолутно се во рингот и им симнаа капа.

Победи Кејти Тејлор со мнозинска одлука (95-95, 98-92, 96-94), а освен што се одмазди за единствениот пораз во кариерата, ги освои и титулите во суперлесна категорија на ИБФ, ИБО, ВБА, ВБЦ и ВБО и со што стана апсолутен шампион. Ирската боксерка сега може да се пофали со обединување на светските титули во две различни тежински категории, бидејќи тоа успеа да го направи и во лесна категорија. Честитки до Кејти за победата, но честитки за лавовската борбаво 10 рунди!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО