Како Мухамед Али : 75-годишна баба се бори со болест со бокс (ВИДЕО)

166

75-годишната Ненси ван дер Стратен од Белгија го привлече вниманието на целиот свет со својот тренинг во боксерската сала.

Поранешната дизајнерка на мебел живее во Турција 42 години, а пред седум години лекарите открија дека боледува од Паркинсонова болест и ја советуваа да се занимава со спорт. Жената веќе е ѕвезда на социјалните мрежи и зборува за придобивките од боксот.

„Порано користев бастун. Земав и многу лекови. Сега се чувствувам многу подобро. Може да одам побрзо, не се заморувам толку лесно и уживам со моето семејство. Мој совет до сите е да не остануваат дома, туку да бидат надвор и да се движат што е можно повеќе“, рече 75-годишната жена.