Каел Сонен не се кае за допинг излетот

Kael Sonen

„Луѓето се прашуваат зошто не се извинувам. Нема да го направам тоа. Нема да се извинам, затоа што не се кајам за тоа што го направив. Бев севсен што правам. Проблемот на ова решение е што потфрли. Вистината е дека тоа е медицина. Медицината ве тера да се чувствувате подобро. Ако беше обратно, тоа требаше да претставува прекршок. Не одиш кај докторот за да ти даде нешто да те натера да се чувствуваш лошо. Ги примав овие супстанци зашто се чувствував подобро“, изјави поранешниот борач во средна категорија на UFC, Каел Сонен, кој нема намеера да се извини за позитивниот допинг тест, затоа што воопшто не се чувствува виновен .По неговото протерување од UFC, Сонен има и други обврски – учествува на турнири во борење (граплинг), коментирање на MMA дуели, а има и сопствено шоу на интернет „You’re Welcome“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО