Андерсон Силва: Позитивниот допинг тест значи крај за натпреварувачот

Поранешниот шампион во средна категорија на UFC, Андерсон Силва, даде интервју во кое неизбежна тема беше допингот во ММА.

Anderson Silva

Еден дел од поранешните противници на Силва, во даден момент од кариерата, биле инкриминирани со употребата на недозволени супстанци. Тоа се Витор Белфорт, Стефан Бонар, Форест Грифин, Џејмс Ирвин,Крис Лебен, Нејт Маркард и Каел Сонен. Ова се само оние кои се фатени што се допингувале.

 „Тоа не е лошо за мене, тоа е лошо за спортот. Луѓето во светот го сакаат UFC, но меѓу нив има и деца и семејства. Тоа е лошо за спортот. Не мислам дека тоа е добро, бидејќи спортот може да го промени животот на децата и луѓето во светот. Кога некој ќе даде позитивен допинг примерок, тоа е лошо, и веќе е проблем. Не е лошо само за UFC, тоа е лошо и за спортот.

Кога ќе бидат вмешани во употребата на стероиди, борачите повќе не треба да се борат. Кога ќе почнеш со употреба на стероиди, потоа ги користиш долго време. А, кога ги користиш долго време, значи имаш проблем. Тоа е лек, но не е добар за спортот. Стероидите се зло за спортот. Ако го претставуваш спортот во добро светло, тогаш и твојот живот ќе биде подобар. Тоа е моето мислење“, предупреди Силва по се позачестената употеба на стероидите во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО