Кадетската џудо репрезентација викендов настапува на Балканското првенство во Турција

Македонската кадетска џудо репрезентација денес пристигна во Коџели, Турција, каде урте и во недела се одржува Балканското првенство во џудо за кадети.

Боите на нашата репрезентација ќе ги бранат кадетите -55 кг Игнат Петров

и -66 кг Никола Магдески, како и кадетките -40 кгТеа Настоска, -44 кг Теона Настоска, -52 кг Ива Богдановска и -63 кг Лилјана Недановска.

Екипата ја предводат селекторот Дејан Мицкоски и Мики Чадамов тренер на кадетската селекција.

Денес се одржа официјалното мерење, а утре на татамито ќе се појават петмина џудисти, додека Лилјана Недановска настапува во недела.

„Атмосферата моментално е на високо ниво кај сите наши натпреварувачи и кај стручниот штаб, па се надеваме на успеси“, истакнуваат од Џудо федерацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО