Јуниорката Мила Рељиќ петта на Светската таеквондо ранг листа

Успешните настапи на меѓународната сцена на младата и талентирана македонска таеквондиска Мила Рељиќ и донесоа висок пласман на Светската таеквондо ранг листа, таа е на високото петто место во категоријата до 68 килограми во јуниорска конкуренција со 13,20 поени.

Листата е објавена на 1 јуни, а прво пласирана е Вивијана Валнтино (Германија), втора Алјах Шипмен од Хаити, потоа следат Алена Вијана од САД, Анастасија Викулина (Русија) и Наталија Јулева (Белорусија).

Ова е историски пласман за малада македонска натпреварувачка и одлична стартна позиција за силните турнири што следат наесен.

Да потсетиме дека Рељиќ освои бронзен медал на Европскиот куп во февруари во Шведска и неколку медали од најсилните Е1/Г1 турнири.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО