Флојд Мејведер даде 88.500 долари за погребот на Џорџ Флојд

Легендарниот шампион во боксот Флојд Мејведер честопати беше критикуван за начинот на кој ги троши парите. Сепак, трагичната приказна на Xорџ Флојд очигледно го натера да размисли и да го одврзе ќесето. „Мани“ напишал чек на износ од 88.500 долари за покривање на трошоците за погребот на Џорџ.

Џорџ Флојд почина откако полицаецот по име Дерек Човин го уапси, а потоа го држеше на земја со коленото на вратот. Флојд го ​​молел Човин да го ослободи затоа што не можел да дише, но офицерот не се мрднал и Џорџ ја изгубил свест и подоцна починал во болницата. Неговата смрт доведе до големи протести во многу градови во САД.

Леонард Елербер, извршен директор на „Мејведер промоции“, рече дека Флојд навистина ќе го покрие погребот. Леонард тврди дека Мевејдер сакал работите да останат тајна и направи многу слични работи во последните 20 години. Погребот на Џорџ Флојд ќе се одржи на 9 јуни. Семејството на Џорџ Флојд ја прифати понудата на Мејведер да ги плати трошоците за погребот, а боксерот не сака публицитет за гестот.

https://www.instagram.com/p/BzgtylNFhqE/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО