Јовановски за семинарот со легендата Мирче Опелоски: Протекуваше убава енергија и сите се трудеа да дадат максимум

На 18 и 19 јуни се одржа во Скопје се одржа Карате-до семинар со легендата на македонското карате Мирче Опелоски, за сите организации и стилови, а во во организација на Бушидо доџо Македонија и сенсеи Владимир Јовановски.

Откако емоциите легнаа и се анализираа сите аспекти на семинарот, сенсеи Владимир Јовановски изразува задоволство од сработеното.

„Беа опфатени сите основни и напредни принципи на карате до, од ниво за почетници за најпнапредни.

Основни техники, сеите ( изведба на врзани техники со двете раце наизменично) и енте (изведнба на последователни техники со една рака). Фокусот беше насоче на потисок со ставовите со контракција на нозете и стомакот и контактната рака за пренос на енергија од земја кон противник. Правилно дишење за максимазирање на брзината и силата. А покрај контракцијата подеднакво важна е и деконтракцијата, со цел за можна моментана понатамошна акција“, вели Јовановски.

На семинарот беше потенцирано дека покрај телесниот и техничкиот дел подеднакво важен е и менталниот и духовниот дел, односно мора да функционираат како целина, бидејќи едното не може да функционира без другото.

На семинарот имаше до 60 посетители во двата дена. Покрај Македонија и Шведска имаше посетители од Србија.

„Ова е почеток на континиурана работа на семинарот со Мирче Опелоски“,  истакнува Јовановски и додава:

„Протекуваше убава енергија и сите се трудеа да дадат максимум, со што поединечно да приоденесат кон колективно, заедничко напредување.

Сето она што се работеше на семинарот треба да полусжи само како иницијација и инспирација за напредок на сите учесници.

Имаше млада сила на каратеки и некои што се занимваат повеќе од 50 години со карате до. Добар спој на младост и искуство“, заклучува Јовановски.

Наесен се планира уште еден семинар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО