„Девето место на Олимписките игри. Каков ден? Испишав историја за македонското карате. Мојот сон реалност – Олимписки игри – Токио 2020“, напиша на Фејсбук Пуликсенија Јованоска по настапот на Игрите во Токио.
„Колку вредеше, сите овие години, тренинзи, пот, солзи,повреди, неправди.
Презадоволна од се што дадов на татамите!
Привилегија е што бев дел од оваа приказна, завршив на 9-тата позиција.
Прво коло 23.80. Втор коло 24.00 ( мој најдобар резултат).
Горда на себе за секоја секунда помината во сала сите овие години!
Фала ти Боже за се!“, истакна Јованоска и додаде:
„Луѓе мои, да Ви се заблагодарам на сите за огромната поддршка, на сите вие што верувавте во мене кога беше најтешко“.