Пуликсенија Јованоска 9-та на Олмписките игри во Токио

Пуликсенија Јованоска го освои деветото место во кати на дебитантскиот настап на карате спортот на Олмписките игри во Токио.

„Пулексенија Јованоска со многу добра изведба на двете кати во квалификациите на Олимписките игри го освои 9-тото место, во конкуренција на 10-те најдобри каратистки од целиот свет“, пишува на страницата на МОК.
За  изведбата на првата ката Пуликсенија доби 23,80 поени (16, 66 за техничка изведба и 7, 14 спортска изведба), а за втората 24 (16,80 + 7,20) или вкупна оцена 23,90. Така, таа го осввои петтото место во групата. Прва беше Сандра Санчез со вкупна оцена 27,43, крајна скор е 27,86.

Јованоска се натпреваруваше во групата А: Јасмин Јуетнер од Германија, Сакура Кокумаи од САД, Мо Шеунг Грејс Лау од Хонгконг и големата фаворитка за златниот медал Сандра Санчез од Шпанија.

Б групата ја сочинуваат: Андреа Анакан – Нов Зеланд, Дилара Бозана – Турција, Александра Ферачи – Франција, Вивијана Ботаро – Италија и Кију Шимизу – Јапонија.

За првиот златен медал на ОИ ќе се борат Сандра Санчез и Кију Шимизу од Јапонија.

За бронзени медали ќе вркстат Сакура Кукумаи (САД)-Вивијана Ботаро (Италија) и Дилара Бозан (Турција) –  Мо Шеунг Грејс Лау (Хонгконг).

Фото: МОК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО