Каратистите на КК Јошитака од Скопје на Меѓународниот турнир „Дипломатик“ во Белград, Србија, во организација на истоимениот клуб, имаа добри резултати. Дарин Омерагиќ во кати индивидуално- 2005 г., А-класа (браон и црни појаси), го освои првото место и Дарин Омерагиќ во кати индивидуално- 2004г. апсолутно ниво, го освои второто место. Дарин Омерагиќ кумите 2005г. -40кг прво место; Дарин Омерагиќ- кумите 2005г. +40кг прво место; Едвин Омерагиќ кумите 2002г. +55кг прво место.
На турнирот учествуваа 450 натпреварувачи од 40-тина клуба од Србија и Македонија!
-Не можам да не бидам задоволен од постигнатото на контролниот турнир пред Државното првенство на Македонија за пионери. Со двајца натпреварувачи Јошитака освои 4 златни и 1 сребрен медал. Ни остануваат уште неколку контролни натпревари во Македонија и надвор од неа, каде што треба да провериме уште неколку натпреварувачи и се надеваме на успешен настап на Државното првенство. Најважно од се е дека традицијата продолжува, – ни изјави шихан Живко Тасевски.
ipon.mk/В.К