Тони Јока (6-0, 5 КО) се врати во рингот во Антиб по повеќе од една година отсуство поради суспензија.
Олимпискиот победник од 2016 година во повратничкиот меч со технички нокаут во третата рунда го победи Александар Димитренко (41-6, 26 КО).
Францускиот тешкаш дав пати го рушеше 37-годишниот руско-германски борец пред да се прекине борбата. На Димитренко ова му е трет последователен пораз. Претходно загуби, исто така со прекини, од Брајант Џенингс и Енди Руиз.
Јока го порази Дејвид Ален во последната битка во јуни минатата година со прекин во 10-тата рунда.