Јирген Бремер по шести пат ја одбрани титулата на ВБА (ВИДЕО)

Jirgen bramer

Јирген Брамер (48-2, 35 КО) минатиот викенд во Нојбранденбург по шести пат ја одбрани на „редовната“ ВБА титула во полутешка категорија.

Германецот (37 г.) со едногласна одлука на судијиите го совлада сонародникот Едвард Гутнехт (29-4-1, 12 КО). Судиите вака го бодуваа мечот 116-111, 116-111 и 118-110.

„Се беше во ред во првите шест рунди. Беше очигледно дека имам контрола, но од шестата или седмата рунда почувствував болка во левата рака и знаете како е. Не сакате да рескирате, а тоа противникот го осетува“, рече Брамер.

Шампион заработил исеченица над левото око по судир со главите во 9 рунда, на 33-годишниот Гутнехт му беше одземен бод во 10-тата рунда по неколку предупредувања.

На Бремер ова му е втора победа над Гутнехт. Го победи и во 2013 година, исто така, со едногласна одлука. Истата година ја освои испразнетата титула победувајќи го Американецот Маркус Оливеира.

https://youtu.be/poihDK7xjuM

https://youtu.be/pEI1b6iwK2c

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО