Јавниот спаринг на БК Скопје и БК Аперкат ги собра боксерите од Македонија

borba na Aperkat sparing 2016

На денешниот јавен спаринг во организација БК Скопје и БК Аперкат од Скопје учествуваа најголем дел од клубовите од Македонија, како: Пиник Пантер, Баргала, Аперкат, Нокаут, Куманово, Униврзалци, Шкупи, Шкендија, Илинден.

Во сите возресни категории, односно од пионери до сениори се одржаа 25 спаринзи, од 27 кг до супер тешка категорија

Кај пионерите се истакнаа Стојаче Карпошев од Пинк Пантер, Петар Арсовски -Аперкат и Лјоки од Шкендија; кај кадетите (- 14-16 г.) Сухај Имери-Шкупи, КиреАпостоловски- Аперкат и Александар Кимишевски-Баргала.

 Јасмин Мифтар-Аперкат и Шпенд Гафури –Шкендија покажаа најмногу кај јуниорите.

Во сениорска конкуренција се одржаа четири борби, при што по прикажаното се издвоија

Лулзим Исмаили -Шкендија, Јасин Лама- Шкупи и Бобан Индовски –Униврезалци.

За првпат настапи на свои боксери имаше новоформираниот клуб Илинден на прославениот боксер Тони Насковски.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО