Јасин Лама: Деновите во карантин ќе поминат како на филм, седете дома и спасете живот!

Како што информиравме двајцата наши боксери кои учествуваа на квалификациите за Олмписките игри во Токио, Јасин Лама и Гоце Јанески имаа голгота пр врачањето до Лондон каде што се разгоруваше коронаворусот, при што хрватски и турски боксери се заразија. Јасин и Гоце се вратија со голема ангажраност на Боксерската федерација на Македонија и Министерството за надворешни работи и веќе неколку дена се во 14-дневен карантин во хотелот Ибис во Скопје.    

„Одлично се чувствувам. Работата одеше лошо и полошо во Лондон. Нормално, тука сум дома и се сеќавам по добро на се. Деновите во карантин ќе поминат како на филм. Правам тренинг еднаш на ден, колку што ми овозможуваат условите“,  истакнува Јасин и додава:

„Ќе и порачам на сите да седат дома и да не излегуваатт без потреба. Седи дома спаси живот“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО