Гоце Јанески: На сите им посакувам здравје и да ги почитуваат законите, тоа е добро за сите нас!

Како што информиравме двајцата наши боксери кои учествуваа на квалификациите за Олмписките игри во Токио, Гоце Јанески и Јасин Лама имаа голгота пр врачањето до Лондон каде што се разгоруваше коронаворусот, при што хрватски и турски боксери се заразија. Гоце и  Јасин се вратија со голема ангажраност на Боксерската федерација на Македонија и Министерството за надворешни работи и веќе неколку дена се во 14-дневен карантин во хотелот Ибис во Скопје.  

„Сега сме сместени во Скопје во карантин во кој треба да бидеме 14 дена. На сите им посакувам здравје и да ги почитуваат законите, тоа е добро за сите нас“, вели Јајнески и ја опишува голготата што ја минаа со Јасин:

„На Европското првенство и квалификациите во Лондон почнаа на 14 март. Поради коронавирусот турнирот се одржуваше до 16 март. Потоа, скоро сите репрезентации си заминаа кон нивните држави, но ние имавме проблем поради тоа што нашиот аедродром беше затворен и не можевме да се вратиме. Пробавме да се вратиме преку Истанбул и Солун, но не беше успешно. Третиот обод беше успешен, преку Софија. Благодарен сум на Федерацијата, затоа што цело време беше со нас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО