Јапонскиот премиер Суга потврди дека Олимписките игри во Токио ќе се одржат летово

Премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга потврди дека Олимписките игри во Токио дефинитивно ќе се одржат ова лето и не е е планирано ново одложување или откажување на истите. 

Игрите не се одржаа во предвидениот теремин во 2020 година поради пандемијата од Ковид-19. Сега работите се променети со оглед на фактот дека на пазарот се најдоа неколку вакцини против опасниот вирус, па до ова лето веројатно најголем дел од светската популација ќе биде вакцинирана и се очекува колективен имунитет.

Олимписките игри ќе стартуваат на 23 јули 2021 година и ќе траат до 24 август. Се очекува Игрите во Токио да бидат најскапите во историјата на спортот, бидејќи Јапонија ќе одвои дополнителни 2,29 милијарди евра за заштитни мерки од Ковид-19.

Иако најголем дел од Јапонците сметаат дека Олимписките игри треба или да се одложат или да се откажат, премиерот смета дека овој спортски настан е пример за обединување на светот и глобална солидарност. Тој ги уверува сите дека Игрите ќе бидат безбедни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО