Џон Џонс се подготвува за новите предизвици: Миочиќ е најголемиот тешкаш на сите времиња

Пред Џон Џонс е година за предизвик. По ослободувањето на појасот на УФЦ во полутешка категорија, тој наскоро ќе дебитира во повисоката категорија.

Тренираше и креваше тегови со месеци со цел да биде што е можно поподготвен за натпреварите со најдобрите тешкаши во ММА.

„Го ослободив шампионскиот појас затоа што знам дека ќе ми треба време да се подготвам за тешка категорија. Не сакав да бидам еден од оние што ќе го забават напредувањето во категоријата. Се чувствувам како да ја имам таа титула толку долго што ги уништив соништата на многу луѓе кои сакаа да станат шампиони и сега е време некој друг да го земе појасот“, рече Џон Џонс и продолжи:

„Мислев дека тоа е добар потег за сите. Можев да бидам себичен и да го задржувам и да ги убедувам навивачите со изговори и лаги дека ќе се вратам во полутешка категорија, а со тоа ќе ги натерам другите борци да чекаат. Но, не сакав да го направам тоа и немам намера повеќе да се враќам во полутешка категорија“.

Јан Блахович е шампион на УФЦ во полутешка категорија. Неодамна беше потврдено дека за УФЦ 259 закажан за 6 март, е потврдена борба во која полскиот ММА борец ќе ја брани титулата против шампионот во средна категорија Израел Адесања.

Сè уште не е познато против кого прво ќе се бори оваа година Џонс, тој сака да го чека победникот од дуелот меѓу шампионот Стипе Миочиќ и Френсис Нгану, и веднаш да ја нападне титулата или тоа ќе биде уште еден борец од врвот на тешка категорија.

„Ќе бидам подготвен за секој борец. Секоја борба ќе биде предизвикувачка. Стипе е најголемиот тешкаш на сите времиња. Тој ги држи сите статистики и достигнувања кои го докажуваат тоа. А, Франсис едноставно е ѕвер кога ќе ја погледнеме неговата нокаутерска моќ, но и фактот дека постојано напредува“, рече Џон Џонс и заклучи:

„Против кого и да се борам, тоа ќе биде голем предизвик за мене. Па, тоа е дојдов во овој период од мојата кариера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО