
Јапонската шампионка во борење Хитоми Обара почина на 44-годишна возраст.
Веста доаѓа од веб-страницата на Обединетото светско борење (ОСБ/ UWW). Причината за смртта на поранешната спортистка не е откриена. Обара беше победничка на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Хитоми е осумкратна светска шампионка во борење. Обара освои шест светски титули во категоријата до 51 кг меѓу 2000 и 2008 година под моминското презиме Сакамото.
По паузата од кариерата, таа освои светски првенства и олимписка титула во категоријата до 48 кг. Во јануари Обара беше назначена за тренер на јапонската женска репрезентација, заедно со олимписката шампионка Каори Ичо. Обара беше примена во Куќата на славните на Обединетото светско борење во септември 2022 година.
Во последните години, таа тренираше млади, а во 2021 година стана член на одборот на Јапонската федерација за борење. Нека почива во мир!



