Јаманака во фантастична борба по 11 пат ја одбрани ВБЦ титулата (ВИДЕО)

jamanaka

Пред една година, Шинсуке Јаманака (26-0-2, 18 КО) со поделена одлука на судиите ја одбрани ВБЦ титулата против Анселмо Морено во бантам категорија.

Во реваншот во Осака 33-годишниот Јапонец ништо не и препушти на судиите. Во фантастичен меч боксерот од Токио преживеа нокдаун и го заврши Морено (01/05/36, 12 КО) во седмата рунда која е кандидат за најдобра во 2016 година.

Ниту еден од боксер не влезе во рингот со намера да победи на поени.

Во двобојот на левучарите Морено сериозно го разниша Јаманака во првата рунда, но агресивноста го чинеше и веќе пред крајот на првата рунда заврши во нокдаун.

Во четвртата Јаманака се најде на подот по брилијантното десно кроше. Успеа да стане и да продолжи, како што успеа и во следната рунда кога повторно се најде под жесток напад на 31-годишниот Панамец.

Во 6-тата рунда Морено е на подот по силниот лев директ на Јаманака.

Јапонцеот работата ја заврши со два нокдауни во седмата рунда и 11-ти пат ја одбрани ВБЦ титулата светски шампион во бантам. Морено пред да загуби од Хуан Карлос Payan 2014 година 12 пати ја одбрани титулата светски шампион во ВБА.

Јаманака е 12-0 во борбите за светската титула со осум победи постигнати со нокаут и седум пати во тие мечеви триумфирал против поранешен шампион.

https://youtu.be/-odhZr-BqMY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО