Јакупи нема да се бори за медал на СП

Berat 1

Нашата најголема надеж за освојување на медал на Светското првенство во карате, Берат Јакупи, ќе мора да бара друга шанса за медалл на светските првенства.

Откако борбата со Египќанецот Мохамед Ел Котби заврши нерешено 0-0, со прегласување, победи Елл Котби. Пред тоа, Јаупи (-84 кг) го совлада Марк Макулеј (Шкотска) со 7-0, потоа Тунижанецот Ахмед Маруан Езар со 3-2, а многу интересен беше дуелот со Португалецот Елиу Ернандеж, кој заврши нерешено, 5-5, но Јакупи ги продолжи борбите со помош на судиско прегласување.

Јакупи на СП во Бремен дојде како четирикратен европски првак во сите младински категории и сениорскиот шампион на Европа од Лисабон. Минатиот месец стана и „Голем победник“ на Карате 1 Премиер лигата.

Јакупи шансата за медал ќе ја бара во екипното натпреварување во борби, како дел од репрезентацијата, каде што ги чека Шпанија, а ако ја минат, Турција.

И Моника Стефановска е елиминирана во борби (до 68 кг) со прегласување на судиите, откако дуелот со Камила Варда од Полска заврши нерешено, 1-1.

Претходно, Пуликсенија Јованоска беше поразена во кати-поединечно од Виетнамката Хоанг-Нган Нгујен со 1-4.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО