Јадранка Темелкова обезбеди бронза и ќе се бори за финале на Светското првенство во кик бокс

Јадранка Темелкова ја победи Николе Булјан од Хрватска со што обезбеди најмалку бронза нa Светското првенство во кик бокс во Лидо Диесело, Италија.

Темелкова славеше 3-0, со што го обезбеди првиот медал за Македонија на СП. Утре ќе се бори за влез во финалето против Канита Муминовиќ од Босна и Херцеговина.

Од нашиот табор велат дека противничката во сите три рунди не земала ниту еден поен, така што Јадранка убедливо доминирала.

„Темелкова е голема надеж во кикбоксот. Јуниорка која многу ветува. Се бори смирено и паметно. Таа е пример за сите наши борци како се слуша тренер за време на борба од агол, кога и довикува што да изработи. Слуша се што ќе и се каже“, вели селекторот Дејан Митровски – Урко.

Денес во 18 часот се бори Нелсон Узеир против Винце Торок од Унгарија.

Резултати на СП:
Лоу кик
Јуниори

-56 кг
Јадранка Темелковска – Николе Буљан (Хрватска) 3-0 ¼ финале
Јадранка Темелковска – Канита Муминовиќ (Босна и Херцеговина) 1/2 финале

Кик лајт
јуниори

-89 кг
Нелсон Узеир – Винце Торок (Унгарија)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО