Се собираат бланко полономоштва, што е незаконски и е казниво – велат иницијаторите за свикување на вонредно Собрание на КФМ

Клубовите иницијатори за свикување на вонредно Собрание на Карате федерацијата на Македонија реагираат со писмо дека актуелното раководство собира бланко полномоштва, нешто што е незаконско и нестатутарно делување и кое е казниво.

Во целост ви го пренесуваме нивното писмо.

„Актуелното раководство на чело со неспособниот претседател и почесниот претседател преплашени од брзиот пораз и губењето на позициите почна со незаконски и нестатутарни дејанија. Имено, тие почнаа со собирање на бланко полномоштва од клубовите во кои не се сигурни дека ќе гласаат за нив. Ве потсетуваме дека тоа е незаконско и нестатутарно делување кое е казниво. Сите тие кои ќе предадете полномошно на друго лице ќе бидете предадени на Дисциплинска комисија и суспендирани. Исто така, ќе бидете пријавени во Агенцијата за млади и спорт, како и кај органите за прогон. Истото ќе биде и за тие кои што собираат бланко полномошна. Таквите полномошна нема да ги признаеме на вонредното Собрание и јавно ќе ги прозиваме на Собранието. Ве повикуваме да не си играте со својата судбина и да не се доведувате во ситуација да бидете казнети или суспендирани.

Ние сите се знаеме и точно знаеме кој е легалниот претставник на клубот.

Собранието ќе биде следено од претставници на Агенцијата за млади и спорт и други надлежни институции како и од претставници на средствата за информирање. Не дозволувајте вашето име и вашиот клуб да бидат изложени  на столбот на срамот.

Исто така можно е на некои клубови или тренери да им се понуди пари за да го дадат својот глас. Внимавајте, брзо ќе бидете откриени и предадени на органите за прогон, а ве очекува и долготрајна суспензија на вас лично и вашиот клуб.

Да се заложиме сите и да придонесеме вонредното Собрание да помине во статутарна, законска и демократска процедура“, се наведува во писмото на иницијаторите за свикување на вонредно Собрание.

(Овој допис го изразува личното мислење на авторите и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Ипон.мк.)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО