Израел Адесања сака да се бори на УФЦ 300

Израел Адесања стави до знаење дека сака да се бори на УФЦ 300 што ќе се одржи во април во Лас Вегас.

Поранешниот шампион на УФЦ во средна категорија го сподели ова на својата приказна на Инстаграм. Минатиот месец Дрикус Ду Плесис го симна од тронот Шон Стрикленд и го предизвика Адесања. „Ласт стилбендер“ го прифати предизвикот и покрај тоа што сè уште има повреди. Сепак, Израел неодамна почна да тренира и е решен да биде фит до 13 април.

Адесања и Ду Плесис требаше да се борат во септември минатата година. Двајцата дури и застанаа лице в лице, но немаше борба. Потоа Ду Плесис се повреди и така Стрикленд доби шанса за титулата со Адесања. Шон успеа да го симне Адесања од тронот во средна категорија.

Адесања сега ќе има шанса да ја врати титулата, а очигледно дека сака да го стори тоа на УФЦ 300 во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО