Ацевска, Грпов и Николиски ќе настапат Меѓународниот џиу џицу турнир „Џенова опен“

Катерина Ацевска, Станислав Грпов и Данил Николиски отпатува на Меѓународниот џиу џицу турнир „Џенова опен“ што се одржува викнедов во Џенова, Италија, од кој  резултатите се рангираат на светската ранг-листа.

Натпреварувачите ги предводи селекторот Александар Ацевски, а во таборот е и тренерот Христијан Јованов.

Нашите спортисти ќе се натпреваруваат во следните категории:

1.Катерина Ацевска +70 кг борби

2.Станислав Грпов -62 кг џиу џицу (не ваза)

3.Данил Николиски – У-21 -56 кг борби

На турнирот ќе настапат 461 учесници со 508 натпреварувачи влезови од 22 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО