Изборното првенство за јуниори е во недела во Прилеп

Во недела се одржува јуниорското Изборно првенство во борење во Прилеп.

По првенството наредната недела следува настапот на големиот Меѓународен турнир „Петко Сираков“ во Бугарија.

За две недели ќе се одржат сениорското и кадетското првенство, најверојатно во Скопје.

Еден дел од клубовите забележуваат дека не се известувани за настаните, однонсо првенствата на официјален е-маил туку добивале СМС пораки,  а немале и на кого да се обратат во канцеларијата на ФБСМ.

Од ФБСМ велат дека е-маил-ови се праќаат до сите клубови со пропратните работи, а се праќаат известувања и по телефон, односно СМС пораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО