АктуелноДомашна сценаКарате
Избегнат срамот! Министерството за спорт ги покрива трошоците на карате репрезентацијата за Европското првенство

По низата критики кои беа упатени за објавата Карате федерацијата на Македонија дека репрезентативците сами ќе си ги плаќаат трошоците за настапот на сениорското Европско првенство во Франкфурт, Германија, од 20 до 24 мај, денес Министерството за спорт објави дека ќе ги покрие сите трошоци за настап на ЕП.
„На нашите најдобри каратисти им посакувам успешен настап на Европското првенство со максимална посветеност и силен тимски дух. Верувам дека тие достоинствено ќе ја претставуваат Македонија на европската сцена и ќе не израдуваат со добри резултати“, истакна Ристовски на средбата со каратистите пред тргнувањето за Германија.
Министерството за спорт целосно ќе го покрие настапот на нашата А сениорска репрезентација во карате на претстојното Европско првенство во Германија.
Со овој чекор јасно се покажува дека Министерството секогаш ќе биде на страната на спортот и целосно ќе го поддржува афирмирањето на А селекциите на највисоките европски и светски натпреварувања.
Каратистите сами ќе го финансираат настапот на Европското првенство во Франкфурт
Од Карате федерацијата на Македонија не го криеја задоволството од ваквата одлука на министерот Ристовски и истакнаа дека успешната соработка со Министерството за спорт ќе продолжи и во иднина, а македонските каратисти со гордост ќе ја претставуваат Македонија на сите врвни натпреварувања.



