Историски златен медал на Хмаза Јашари на Европскиот џудо куп во Унгарија (ФОТО)

Хамза Јашари (-66 кг) го освои првиот златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети. Јашари до првото место на Европскиот куп во Гиор во Унгарија стигна по пет одлични борби.

Јашари во финалето го совлада Матео Цук од Германија со вазари, а до финалето стигна со победите над Гергели Габор од Романија со вазри и ипон, со два вазарија и ипон против Германецот Дан Матушовиц, со вазари и ипон го порази Шандор Оскаи од Унгарија и во полуфиналето славепе против Италијанецот Луиги Чентракио со два взари и ипон.

Овој златен медал Хамза го посвети на тренерот Игор Паскоски (ЏК Миоки).

Еди Шерифовски (-73 кг) е поразен од Хрватот Аугустин Марковиќ со вазари и ипон.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON