Ислам Махачев ќе се бори со Ден Хукер на УФЦ 267

Ислам Махачев го дозна името на новиот ривал. Ѕвездата во подем од Дагестан ќе се бори со Ден Хукер во лесна категорија.  Тие ќе ги одмерат силите на УФЦ 267 на крајот на месецот во Абу Даби.

Хукер ја прифати битката со помалку од еден месец откако Рафаел дос Анчос се откажа од борбата со Махачев. Пред само неколку дена, Ден се бореше во Лас Вегас и го победи Насрат Хакпараст, со што ја прекина серијата порази.

Махачев има сркор 20-1 во ММА и е во серија од 8 последователни победи. Оваа година ги победи Добер и Мојсеј со завршница. Ислам заврши 12 противници, а единствениот пораз му е со нокаут пред 6 години од Мартинс.

Хукер, пак, има учинок 21-10 во ММА и доаѓа по победата над Хакпараст. Тој ја прекина серијата од два порази од Пориер и Чендлер. Откако се врати во во лесна категорија, Ден победи на 8 од 11 борби. Заврши 17 од своите средеби и загуби 4 пати.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON