АктуелноМеѓународна сценаММА

Ислам Махачев кажа кој е најдобар борец во УФЦ во моментов

34-годишниот актуелен шампион на УФЦ во полусредна категорија (до 77 кг) Ислам Махачев одговори кого го смета за најдобар борец во организацијата во моментов.

„Најдобриот борец во УФЦ во моментов“?

„Овој човек (покажувајќи кон себе)“, рече Махачев во интервју за ТНТ спорт.

Махачев моментално е во низа од 16 последователни победи во УФЦ. Во професионалната кариера има 28 победи и еден пораз, а дебитираше во мешани боречки вештини во 2010 година. Покрај тоа, Ислам е 11-ти двократен шампион во историјата на УФЦ.

Потсетуваме дека во последната борба Махачев го делеше октагонот со Австралиецот Џек Дела Мадалена. Борбата траеше сите пет рунди и заврши со едногласна одлука во корист на рускиот борец.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON