Ислам Махачев категорично ги негираше гласините за напуштање на ММА

Шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Ислам Махачев, нема намера да ја заврши кариерата по претстојната одбрана на титулата против Иан Мачадо Гари на УФЦ 330 во Филаделфија. Во последните денови се појавија шпекулации дека борбата со Ирецот би можела да биде последна за рускиот борец, но самиот Махачев категорично ги негираше таквите тврдења.
Во интервју со новинарот Адам Зубајраев, шампионот беше прашан дали претстојната борба ќе биде последна во неговата кариера.
„Не, не, не!“ одговори лаконски 34-годишниот Русин.
Махачев, исто така, призна дека не си поставува конкретни статистички цели и не е опседнат со идејата да достигне 30 професионални победи.
„Немам таков број. Работам со млади момци во сала и чувствувам дека сум сè уште во форма. Кога ќе почувствувам дека ме стигнале, тогаш ќе почнам да размислувам за тоа. Додека сум во форма, сè е во ред“, рече шампионот.
Махачев ќе се соочи со официјалниот кандидат број 1, Иан Мачадо, Гари, на УФЦ 330, во она што се очекува да биде негова прва одбрана на титулата во велтер категорија. Русинот влегува во борбата со серија од 16 победи во УФЦ и продолжува да се смета за еден од најдоминантните борци во организацијата.



