Хејни го претпочита Шакур пред задолжителната одбрана против Кишон Дејвис

Шампионот на ВБО во полусредна категорија, Девин Хејни, и неговиот татко Бил Хејни, реагираа на одлуката на организацијата да наложи задолжителна одбрана на титулата против непоразениот Кишон Дејвис.
Иако ја почитуваат одлуката на ВБО, таборот на Хејни призна дека долгоочекуваната борба против Шакур Стивенсон останува приоритет.
„Го почитувам ВБО. Ги почитувам правилата. Но, исто така верувам дека боксот им припаѓа на луѓето. И луѓето јасно ставија до знаење дека сакаат да ги видат Девин и Шакур Стивенсон во рингот“, напиша Бил Хејни.
Тој додаде дека ако борбата со Стивенсон не може да се договори, тогаш Кишон Дејвис ќе биде следниот противник на шампионот.
И Хејни и Стивенсон наводно се во преговори со Зуфа бокс, што дополнително ги комплицира преговорите за пресметка меѓу нив двајца.
Во меѓувреме, Кејшон Дејвис останува официјален задолжителен предизвикувач за титулата на ВБО и чека разврска во врска со следниот потег на шампионот.



