Ислам Махачев го посака Усман за прва одбрана: Ова е најтешкиот можен меч за мене

И покрај критиките, Ислам Махачев е непоколеблив: неговата прва одбрана на титулата во полусредна категорија треба да биде против Камару Усман.
Махачев (28-1 ММА, 17-1 УФЦ), кој го симна од тронот Џек Дела Мадалена на УФЦ 322, призна за Ред корнер ММА дека фановите и медиумите не ја одобруваат идејата – но тој верува дека Усман (21-4 ММА, 16-3 УФЦ) е најсериозниот предизвик.
„Го сакам Камару Усман следен. Медиумите не веруваат дека оваа борба ќе се случи, но мислам дека Усман би ги прегазил сите овие „млади надежи“ како Мајкл Моралес и Карлос Пратес. Тие сè уште не се тестирани. Усман е најтешката борба за мене. Плус, има многу историја што треба да се направи – поранешен шампион, најмногу одбрани во дивизијата. Лесен е за промовирање“, рече Махачев.
Иако Усман има 38 години и имаше серија од 1-4 пред да го победи Хоакин Бакли, Махачев верува дека критичарите го потценуваат поранешниот шампион:
„Бакли беше претендент. Усман го победи и сите заборавија на него. Но, ако Бакли победеше, тој ќе беше претендент број еден“.
Махачев нагласи дека го фаворизира Усман како свој следен противник, но е отворен за сите опции:
„Дивизијата е многу активна. Постојат опции. Не ми е гајле – му кажав на УФЦ дека сум подготвен за секого. Се чувствувам удобно во оваа тежинска категорија и ќе ја држам титулата долго време“.



