АктуелноМеѓународна сценаММА

Алекс Волкановски: Мовсар Евлоев заслужуваше борба за титулата

Шампионот на УФЦ во перо категорија, Алекс Волкановски, признава дека Мовсар Евлоев заслужувал шанса за титулата.

Непоразените предизвикувач Евлоев (19-0 ММА, 9-0 УФЦ) и Лерон Марфи (17-0-1 ММА, 9-0 УФЦ) се бореа за место на УФЦ 325, но наместо нив Диего Лопез ќе се бори со Волкановски на 31 јануари во Сиднеј.

„Го побарав Евлоев веднаш по борбата. Знаев дека ќе се бори со Пико, но потоа се откажа. Ми стана јасно дека ќе ја пропушти можноста, што е штета бидејќи дефинитивно ја заслужуваше“, изјави Волкановски за Спортинг њуз Австралија.

Шампионот признава дека Марфи ја искористил својата шанса: „Лерон дојде со кратко известување, импресивно го победи Пико и тоа го стави во предност. Потоа УФЦ ги чекаше Жан Силва и Диего, па беше јасно кој е следен“.

Волкановски ветува дека сите кандидати ќе имаат шанса: „Ќе видиме што ќе се случи. Евлоев и Марфи можат да се борат еден против друг или со друг противник, да се докажат, а потоа јас ќе се борам со нив. Тие нема да ја пропуштат можноста“.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON