Ислам Махачев го нокаутира Волкановски со хај кик во 1. рунда (ВИДЕО)

Ислам Махачев го нокаутира Александар Волкановски за 3 минути и 6 секунди.

Двајцата шампиони направија реванш во главната борба на УФЦ 294 што се одржа во Абу Даби. Ислам на почетокот на годината го победи Волкановски со одлука во Австралија. Сепак, борбата беше изедначена и остави многу прашалници.

Сепак, сега Ислам излезе и не остави никаков сомнеж. Двајцата најпрво си разменија удари. Махачев упати висок удар, а потоа се обиде да го собори Волкановски и двајцата влегоа во клинч на мрежата.

Алекс ги врти работите во своја полза и го држи Ислам на мрежата. Ислам постигна удар со колено. Двајцата се разделуваат и Ислам со удар во телото. Висок удар на Махачев и Волкановски е сериозно разнишан.

Алекс паѓа на подот, а Ислам го завршува со удари. Се е готово за 3 минути и 6 секунди. Ислам со оваа победа влегува во серија од 13 последователни победи и по 2-ри пат ја брани титулата. Алекс, пак, се враќа на поразите.

Тој останува шампион во перо категорија. Волкановски изјави дека сака да се бори со Илија Топурија во јануари. Ислам изјави дека е подготвен да се бори со секој што ќе му го понуди УФЦ.

Резултати УФЦ 294:

Главна карта
Ислам Махачев – Александар Волкановски со ТКО Р1 3:06
Камару Усман – Хамзат Чимаев со одлука (29–27, 29–27, 28–28)
Магомед Анкалаев – Џони Вокер – неуспешна (удар со колено на Анкалаев) Р1, 3:13
Икрам Алискеров – Варли Алвес со ТКО Р1, 2:07
Саид Нурмагомедов – Муин Гафуров со завршница Р1, 1:13

Прелиминарни
Мухамед Мокаев – Тим Елиот со завршница 3, 3:03
Тревор Пик – Мохамад Јаја со одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Џавид Башарат – Виктор Хенри – неуспешна (удар во препоните) Р2, 0:15
Седрик Думас – Абу Азаитар со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мајк Бриден – Аншул Џубли со ТКО Р3, 3:00
Мухамед Наимов – Натаниел Вуд со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Викторија Дудакова – Џин Ју Фреј со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Шара Магомедов со одлука го победи Бруно Силва (30–27, 30–27, 30–27)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО