Хамзат Чимаев со тешка победа над Камару Усман

Хамзат Чимаев успеа да победи, но не толку лесно како што мислеа некои.

Двајцата борци се бореа на главниот настан на УФЦ 294 кој се одржува во Абу Даби. Нивната борба беше во средна категорија и да одредат кандидат за златото. Хамзат беше голем фаворит, но неговата победа не беше воопшто лесна.

Чимаев во првата рунда успеа да се закачи за грбот на Усман и таму ја помина целата рунда. Хамзат не му дал шанса на Усман да дише и силно го удира. Камару успеа да ги избегне обидите за потчинување на Чеченецот.

Втората рунда не беше толку интересна. Многу се фингираа и ги вознемирија навивачите кои ги исвиркаа. На крајот на рундата Хамзат можеше да ја однесе борбата на партер и да ја заврши рундата со Усман.

Во третата Усман се претстави подобро против Чимаев. Камару имаше подобри позиции, а Чимаев изгледаше уморно. А на крајот на оваа рунда Хамзат успеа да го собори Усман и го задржа на партер преку 1 минута.

Во последните секунди Усман стана на нозе и двајцата почнаа да разменуваат силни крошеа. Чимаев успеа да забележи над 7 минути контрола во борбата со што му ја запечати победата.

Борбата дојде до одлука, која беше мнозинска одлука во корист на Чеченецот – (29–27, 29–27, 28–28). Чимаев со оваа победа сега има скор од 13-0 во ММА и 7-0 во УФЦ.

Усман, пак, загуби 3-ти пат по ред. Сепак, мораме да признаеме дека одлично се претстави за борец кој прифати со 10 дена известување.

Резултати УФЦ 294:

Главна карта
Ислам Махачев – Александар Волкановски
Камару Усман – Хамзат Чимаев со одлука (29–27, 29–27, 28–28)
Магомед Анкалаев – Џони Вокер – неуспешна (удар со колено на Анкалаев) Р1, 3:13
Икрам Алискеров – Варли Алвес со ТКО Р1, 2:07
Саид Нурмагомедов – Муин Гафуров со завршница Р1, 1:13

Прелиминарни
Мухамед Мокаев – Тим Елиот со завршница 3, 3:03
Тревор Пик – Мохамад Јаја со одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Џавид Башарат – Виктор Хенри – неуспешна (удар во препоните) Р2, 0:15
Седрик Думас – Абу Азаитар со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мајк Бриден – Аншул Џубли со ТКО Р3, 3:00
Мухамед Наимов – Натаниел Вуд со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Викторија Дудакова – Џин Ју Фреј со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Шара Магомедов со одлука го победи Бруно Силва (30–27, 30–27, 30–27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО