Ислам Махачев го брани појасот против Чарлс Оливеира во Абу Даби, се враќа и Чимаев

Најголемата светска ММА организација најави три одлични натпревари кои ќе бидат на програмата на УФЦ 294 настанот во Абу Даби на 21 октомври.

Имено, настанот треба да го предводи реваншот меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира, во кој Дагестанецот по вторпат ќе го брани шампионскиот појас на УФЦ во лесна категорија.

Минатата година Махачев ја освои титулата против Оливеира во Абу Даби, а потоа за првпат успешно ја одбрани против владетелот во перо категорија Александар Волкановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Договорен е и одличен меч во средна категорија меѓу Хамзат Чимаев и Пауло Коста. Веројатно ова е причината поради која беше откажана пресметката меѓу Коста и Алискеров.

Чимаев со евентуална победа против Бразилецот наскоро би можел да добие шанса да се бори за шампионскиот појас.

И Икрам Алискеров веднаш доби нов противник, но на истиот настан во Абу Даби.

Дагестанскиот борец ќе ги одмери силите против Насурдин Имавов. Алискеров го нокаутираше Фил Хаус во првата рунда во своето деби во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО