Меѓународна сценаММА

Ислам Махачев доби црн појас во теквондо

Шампионот во полусредна категорија на УФЦ, Ислам Махачев, доби црн појас во теквондо од својот тренер Сејфула Магомедов, четирикратен европски шампион во овој спорт.

Церемонијата се одржа во присуство на роднини и соборци на рускиот борец, а Магомедов потсети дека токму со таеквондо започна спортскиот пат на Махачев.

„Ислам, ти почна со мене во таеквондо, со мојот тренер. Затоа сакам да ти го подарам нашиот добок и црн појас“, рече Магомедов.

Махачев е еден од најуспешните борци во модерната историја на УФЦ и моментално е во низа од 16 последователни победи во организацијата.

Неговиот вкупен професионален скор во мешаните боречки вештини е 28 победи и само еден пораз.

Во последната борба Русинот ја освои титулата во полусредна категорија откако го победи со едногласна одлука Џек дела Мадалена на УФЦ 322 во Њујорк.

Добивањето црн појас во таеквондо е уште едно признание за боречката обука на Махачев, кој со текот на годините го градел стилот врз комбинација од борење, самбо и техники на удар.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON