Ислам Махачев: Борбата со Ковингтон е лесни пари

Ислам Махачев го коментира предизвикот на Колби Ковингтон.

Колби неодамна изјави дека сака да се бори со Махачев на почетокот на 2024 година. Ковингтон верува дека Ислам заслужува да стигне до титулата во највисоката дивизија. И двајцата моментално се подготвуваат за броби. Ислам ќе ја брани титулата во лесна категорија на УФЦ 294 во Абу Даби кон крајот на октомври.

Дагестанскиот борец ќе направи реванш со Чарлс Оливеира. Колби, пак, за титулата во полусредна категорија ќе се бори со Леон Едвардс. Нивната борба ќе се одржи во средината на декември во Лас Вегас на УФЦ 296.

Ковингтон верува дека ако тој и Махачев ги добијат своите борби, тогаш треба да се натпреваруваат во борба шампион против шампион. Ислам виде што зборува Американецот за него и го напиша следново како одговор на Ковингтон:

„Колби Ковингтон е лесни пари“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО