Искусниот Далибор Богданов и талентиранта Теодора Димеска ќе ја претставуваат Македонија на СП во самбо со богати парични награди

Македонската самбо федерација ќе настапи со двајца натпреварувачи на Светското првенство во Бисехек, Киргистан, од 11 до 13 ноември. Боите на Македонија ќе ги бранат искусниот Далибор Богданов и надежната и талентираба Теодора Димеска.

Далибор Богданов (73 кг) ќе се бори во комбат самбо, а Теодора (50 кг) во спорт самбо.

Светското првенство е со големи парични награди. За првото место наградата е 10.000 евра, второто 5000 и третите по 3000.

Во делегацијата на македонската репрезетација се Славчо Тодоров, како официјално лице и претседателот на федерацијата Ердал Факиќ кој ќе присуствува на когресот на ФИАС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО