Иши: Путин е најдобриот политичар во светот

Сатоши Иши даде интервју за руската онлајн веб-страница UFCbet.ru.

Јапонецот со хрватско државјанство го пофали рускиот претседател Владимир Путин и уште еднаш ги изрази симпатиите спрема словенските народи.

 32-годишниот Јапонец во јуни со едногласна одлука на судиите го порази Езекиел Вили на почетокот на новата сезона ПФЛ турнирот на тешкашите. Премин во нокаут фазата ќе бара на турнирот на 8 август во Атлантик Сити против поранешниот борец на УФЦ Џаред Рошолт.

„Езекиел Вили беше одличен, тоа беше тешка борба. Сега научив како да се носам со противник кој е поголем и посилен. Сфатив дека работата со нозе е клуч за победата“.

Сте настапувале на многу настани во Русија. Кој е Вашата оцена за руските организации?

„Сакам да се борам во Русија. Рускиот народ ги почитува борците“.

Во претходните интервјуа рековте дека имате почит спрема Словените.

„Најмногу почитувам богата култура. Словените се многу силни во науката, интелигентни и имаат долга историја проткаена со борби за својата земја“.

Се бореше против двајца руски борци – Федор Емелијаненко и Иван Штирков.

 И во двете борби сте поразени. Дали се промени Вашиот став за Русите по тоа?

„Мислам дека тоа беше голема лекција за мене како борец. Кога се борев со Федорr немав многу искуство, но кога се борев со Иванн, тоа беше добра борба, но направив некои грешки. Добро ги проучив тие борби“.

Дали се уште ги гледаш борбите на Емелијаненко?

„Да“ (на руски).

Знаеш ли руски?

„Го почитувам господинот Путин. Мислам дека тој е најдобар политичар во светот и одличен џудока. Учам Руски, така што кога еден ден ќе се сретнеме ќе може да комуницирам со господинот Путин“.

Кои се најтешките противници според тебе на турнирот на ПФЛ?

„Сите се јаки и го заслужуваат своето место на турнирот. Но, мислам дека Денис Голцов и Анте Делија се најсилните противници“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО