Ипон освои 11 медали на Државните џудо првенства за јуниори и ветерани

Џудистите на Ипон се закитија со 11 медали на Државните првенства во џудо за јуниори и ветерани што денеска се одржа во Прилеп. Во јуниорска конкуренција се освоени 9 медали – 3 златни, 3 сребрени и 3 бронзени, додека ветераните освоија две злата.

Претендентите за репрезентацијата добро одработија, а ветераните Ѓорги-Гоше Хубрев и Никола Божиновски изненадија  со формата што ја покажаа.

Резултати – Државни првенства за јуниори и ветерани:

Резарт Хисени прво место -66кг

Еди Шерифовски прво место -81кг

Румејса Фејзула прво место -70кг

Катерина Спасовска второ место +78кг

Ердит Османи второ место -60кг

Елена Попоска второ место -70кг

Сухејб Хајрулаху трето место -66кг

Ердин Кадриу трето место -81кг

Христијан Сарафов трето место -90кг

Фисник Фрјзулау петто место -60кг

Исен Демирсхаји петто место -81кг

Ветерани

Никола Божиновски прво место М2 -81кг

Ѓорги Хубрев прво место М4 -100кг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО