17 медали за ветераните и јуниорите на Сеишин на Државните првенства во џудо (ФОТО)

Сеишин на Државните првенства во џудо за јуниори и ветерани освои вкупно 17 медали – 6 златни, 6 сребрени и 5 бронзени, односно 9 во јуниорска конкуренција и 8 кај ветераните.

Прилепскиот клуб на овие првенства што се одржаа денеска во Прилеп учествуваше со 21 натпреварувач во двете возрасни категории (13 јуниори  и 8 ветерани).

На овие првенства чиј домаќин беше Сеишин учество земаа 12 клубови со околу 100 натпреварувачи.

Резултати поединечно:

јуниорки

  1. Теодора Димеска 1 место
  2. Ема Димитриоска 2 место
  3. Магдалена Најдоска 3 место
  4. Марија Талеска 3 место

Јуниори

  1. Јован Најдоски 1 место
  2. Антонио Талески 2 место
  3. Валентин Димитриоски 2 место
  4. Марко Тодорчески 3 место
  5. Кристијан Тошески 3 место

Ветерани

  1. Мартин Ристески 1 место
  2. Маке Спиркоски 1 место
  3. Томе Јосифоски 1 место
  4. Сашо Димовски 1 место
  5. Киро Здравески 2 место
  6. Менде Илиоски 2 место
  7. Тони Бурнески 2 место
  8. Ацо Божиноски 3 место

„Добри борби покажаа и Сеадин Ристемоски, Бојан Мојсоски, Стефан Талески и Мартин Трајкоски кај јуниорите, но не успеаја да изборат место на пиедесталот“, велат од клубот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО