Имам Хатаев дисквалификуван на две години поради допинг – борбата со Морел е под знак прашалник

Бронзениот медалист на Олимписките игри во Токио 2020 и непоразениот руски професионален боксер во полутешка категорија, Имам Хатаев, е дисквалификуван за период од две години поради употреба на забранети супстанции. Ова стана јасно по официјалното соопштение на Меѓународната допинг агенција (ITA), објавено на веб-страницата на организацијата.
Според информациите, на 9 април 2024 година Хатаев бил позитивен на кломифен, хормонски модулатор кој често се користи во спортот за враќање на природното производство на тестостерон по употребата на анаболни стероиди. Метаболити на супстанцијата биле пронајдени и во примерокот за допинг, што според правилата на Светската антидопинг агенција (WADA) е категорично прекршување.
Како резултат на прекршокот, сите спортски резултати на Хатаев постигнати помеѓу 9 април 2024 година и 26 јуни 2025 година ќе бидат поништени. Ова вклучува можни победи, бонуси и признанија добиени во овој временски интервал.
26-годишниот Хатаев требаше да се врати на професионалниот ринг на 12 јули 2025 година во Њујорк, каде што беше закажан сериозен тест против поранешниот носител на титулата во полутешка категорија на ВБА, Дејвид Морел. Засега нема официјална потврда од организаторите дали борбата ќе биде откажана или ќе биде заменета со друг противник за кубанскиот борец.
Диквалификацијата ја става во сериозно прашање не само иднината на Хатаев во професионалниот бокс, туку и кредибилитетот на руските боксери, особено во контекст на растечките напори на меѓународните федерации за борба против допингот.
Ќе потсетиме дека нашиот репрезентативец Арјан Исени (-80 кг) ги одмери силите со Имам Хатаев Светското сениорско првенство во Ташкент, Узбекистан.



