Има-нема стипендии=декуражирање!

Reprezentacija vo Istanbul

Често пати во разно-разни прилики се користи синтагмата „спортистите се нашите најголеми амабасадори“ и ако се имаат во предвид последените случувања во спортот, и тоа пријатни, пред се во бореечките спортови, тогаш навистина е така. Минатиот викенд на сениорското Европско првенство во  карате-Истанбул, Турција, на кое учествуваа 47 земји со околу 500 натпреварувачи, каратистото Мартин Несторовски го освои бронзениот медал и обезбеди пласман на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, како и Емил Павлов. Покрај него големи шанси за медал имаа Павлов и репрезентативните тимови во кати и борби, но и нивниот пласман на петтото место, зборува за квалитетот и котизацијата на репрезентациите во европски и светски рамки, која е за почитување. Поради овие причини синтагмата „спортистите се нашите најголеми амабасадори“ е веродостојна. Сите се чуствуваме гордо, посебно и по медалот на Халил Зубаиров на Европското превнство во Послка за младинци до 23 години.

Но, се чини, барем според она што се случи во вторникот на прес-конференцијата во Агенцијата за млади и спорт (АМС) на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) и на АМС по повод освојувањето на медалот на Несторовски и пласманите на екипите и Емила Павлов, покажаа една друга слика, односно некои бирократски бариери или недоречености ја кројат судбината на нашите амбасадори. Репрезентативните тимови во кати и борби запрашаа зошто нив не ги следува стипендија и зошто тие се дискриминирани во однос на самите себе (карате-борби и кати) и во одонос на другите спортови. Директорот на АМС истакна дека наградите се според Правилникот за категоризација на спортистите и дека ништо не е вечно и може да се промени и дека има таква иницијатива. Сепак, може да се забележи дека промените во Правилникот како да се правени на штета на спортистите.

Во членот 16 од Правилникот, во делот за карате, се вели: „Во спортот модерно карате, спортистот стекнува категорија во: 1.Спортист од светска категорија за освоено од прво до трето место на светско или европско првенство (во спортска борба или кати), што ги организира Светската карате федерација (ВКФ). 2.Спортист од меѓународна категорија, за; – освоено од четврто до осмо место на светско или европско првенство (во спортска борба) или – освоено од четврто до шесто место (во кати), – освоено од прво до трето место на младинско светско или европско првенство (во спортска борба или кати). Остварениот пласман се верифицира доколку се оствари на меѓународни натпревари што ги организира Светската карате федерација (ВКФ).

Измените што се направени во 2004 година (Сл.в. 50/2004) со членот 2 направиле промени во член 16: „Во членот 16 во делот „Карате“, став 1 точка 1, по зборовите „во спортска борба или“ се додаваат зборовите „прво место во“. Во точка 2, алинеја 1 зборот „осмо“ се заменува со зборот „шестто“. Во точка 2, алинеја 2 зборовите „четврто до шестто“ се заменуваат со зборовите „второ до трето“. Во точка 2, став 2 по зборовите „Светската карате федерација (ВКФ)“, се додаваат зборовите „а на кој учествувале најмалку 22 земји на европско и 44 земји на светско првенство““.

Се воочуваат неколку нелогичности што задираат во Уставноста на самиот Парвилник односно Законот за спорт, бидејќи Парвилникот е подзаконски акт. Како прво не дефинирано „поединечно“ и „екипно“, затоа што имаме натпревари и во кати и во борби во поединечна конкуренција, каде што спортистите настапуваат со име и презиме и како додавка стои земјата од која доаѓаат; во екипна конкуренција –борби и кати- пишува Македонија (национален тим), што е сосема поразлично од поединечното. Очигледна е поделабата што ја прави нашето законодавство,  иако тоа не смее да се случи. За катите да важи еден критериум, а за борбите друг. Во Правилникот се повикуваат на Светската карате федерација, но таа Федерација не ги дели каратистите со помала или поголема вредност, само заради тоа што се натпреваруваат во борби или во кати. И не доделува медали со помала вредност, туку сите се рамноправни. Ова е уште еден неуставен основ. Бидејќи кога ќе се спореди со други спортови, ќе се види дека се прави дискриминација на успехот на поедини спортови, тие другите се далеку од некои големи успеси, а уште подалеку од некоја масовност и популарност. Нечии врски и влијанија го кроеле правилникот со крива линија.

Чудно е како КФМ да не реагира на овие промени, а уште почудно е што минатата година го угостивме првиот човек на ВКФ, Антонио Еспиноз, и тоа во АСМ, и верувам дека никој не му кажал за ваквите законски решенија. Ако го знаеше ова, сигурно немаше да каже пофални зборови и за АСМ и за КФМ.

Сепак, иако не се дефинирани некои работи, во таков случај се применуваат позтивните законски практики, а тоа подрзабира, ако веќе еднаш е доделувана стипендија таа може да се додели и во овој случај, за да не ги декуражираме спортистите и да им кажеме дека некои се од прв ред а некои од втор и да ги демотивираме тренерите и селекторите да не прават репрезентации во борби и во кати. Резултатите зборуваат сосема нешто друго, кои спортисти се број еден во нашата земја, но и се најмасовен спорт. Зборуваме за 6.000 каратисти.

Во 2007 година е додлеувана стипендија, како и во 2005, 2007 и 2008 година. Ако една репрезентација доби стипендија, и тоа целосно натурализирана, по успех на Универзијада, зошто карате тимовите, кои исто така освоија медали на Светското универзитетско првенство (сребрени-екипно борби и екипно кати), да бидат дискриминирани, а се целосно наш производ?!

Бидејќи Законот е конфузен, никој нема право да ги оспорува успесите на европскиот шампион Вероника Костовска, на репрезентацијата во кати –трети на ЕП во Португалија-јуниори, на репрезентацијата во борби, на Петар Заборски втор на јуниорско првенство, Моника Пендаровска….

За младите се работи, дали да го фатат парвиот или кривиот правец?! Одлучете сега!

 ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON