АктуелноЕвропски и светски првенстваКарате

ИН МЕМОРИАМ: Кирил Нацевски големт љубител и помагач на каратето

Почина Кирил Нацевски викан Кире Брада.

Кире Брада беше голем љубител на спортот а посебно го сакаше каратето.

„Во 1992 година, кога Македонија беше на стартот на својата државност, покрај другите беше и негова заслуга во обезбедувањето на потребните средства, при што нашата државна карате репрезентација го оствари настапот на Светското првенство во Гранада, Шпанија. За освоеното петто место во борби, нашата женска репрезентација беше прогласена за екипа на годината (го поделивме местото со женската екипа на Кометал Ѓорче Петров- ракомет)“, пишува Чедо Саздовски, тогашен селектор на репрезентацијата, а сега претседател на Унијата на карате ветерани.

Кире Брада во мандатниот период 1997-2001 беше претседател на еден од најуспешните карате клубови, КК Кисела Вода од Скопје и во исто време беше член на претседателството на Македонската карате федерација.

„Кире Брада, ти благодариме за твојот придонес во развојот и афирмацијата на карате спортот во Македонија.

Нека ти е вечен споменот, Господ Бог нека те прости“, истакнуваат од Унијата на карате ветерани на Македонија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON