Илија Топурија: Ќе го нокаутирам Конор Мек Грегор во првата рунда

Илија Топурија, претендент за појасот на УФЦ во перо категорија, е познат по својата неверојатна самодоверба. Тој повторно го докажа тоа со тоа што сугерираше дека ќе го нокаутира Конор Мек Грегор во првата рунда. За Топурија следната борба ќе биде најважна во кариерата.

Грузиецот ќе се соочи со Александар Волкановски на УФЦ 298. Во игра во борбата ќе биде појасот на Австралијанецот со македонско потекло во перо категорија. Оваа борба ќе биде водечка на настанот што ќе се одржи на 17 февруари во Анахајм, Калифорнија. Самиот Грузиец не ја крие својата отвореност кон другите спортски предизвици.

Во интервју за каналот Колменеро Топурија зборуваше за потенцијална борба со Мек Грегор. 27-годишниот борец останува самоуверен и верува дека би го нокаутирал Ирецот уште во првата рунда. Се уште не е познато кога Мек Грегор ќе се врати во октагонот. Неговата следна борба е против Мајкл Чендлер, но „Озлогласениот“ посочи различни датуми и нема извесност.

„Конор Мек Грегор очигледно е голема ѕвезда. Знаете дека бројките се намаелни поради неговите неодамнешни неуспеси. Не знам дали ќе се бори сега во јуни или јули. Ако победи, возбудата околу него може да врати се, па да се бориш со него би било добро.

Во која категорија? Не би ми било гајле. Би се чувствувал удобно кадебило. Моето предвидување? Ќе го нокаутирам во првата рунда“, изјави Топурија.

Топурија има скор од 14-0 во ММА и има 6 победи во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО