Илиоски и Божиноска ќе се борат за златни медали на ЕП во Шпанија!

Boban Ilioski na EP 2015 san

Бобан Илиоски и Марија Божиноска ќе се борат за златен медал на Европското првенство за јуниори и кадети во Сан Себастијан, Шпанија, а Хадис Рамадани мораше да се задоволи со бронзениот медал, како и преходниот шампионат.

Марија Божиноска (-70 кг -кик лајт) успеа да се избори за финале, откако во полуфиналето ја победи Марта Липка од Полска. Божиновска утре ќе се бори за златен медал против Италијанката Марта Филипи.

Бобан Илиоски (-71 кг – лоу кик) исто така успеа да се избори за пласман во финале, откако во денешната борба го совлада Дамјан Пискорж од Полска. Илиоски за златен медал ќе се бори против Русинот Тејмур Азизов.

Хадис Рамадани (- 67 кг – лоу кик )се закити со бронзениот медал, откако во борбата за финалето загуби од актуелниот светски првак Данило Ракиќ од Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО